На 18 и 19 март 2014, во Варшава, Полска, во организација на Centrum Cyfrowe, во соработка со Криејтив комонс и SPARC, поддржана од Фондациите Отворено општество, се одржува меѓународна работилница за политикa за отворени образовни ресурси.

На настанот, кој е дел од Недела на отворено образование, присуствуваат активисти за отворено образование, експерти и креатори на политики од девет земји од Европа и Централна Азија кои ќе разменат искуства, ќе дискутираат најдобри практики и ќе направат заеднички планови. Учесниците доаѓаат од Чешка, Германија, Киргистан, Молдавија, Монголија, Полска, Романија, Турција и Македонија, од каде ќе присуствува претставник на Алијансата за отворени образовни ресурси.

Програмата вклучува преглед на важни случувања со политиката за отворени образовни ресурси со примери од присутните земји и целодневен курс за застапување предводен од Никол Ален, директор на Отворено образование во SPARC.

Оваа работилница се случува во вистинско време, бидејќи иницијативата на Европската Комисија „Отворање на образованието“ создава нова можност за развој на ООР во Европа.

Дискусијата на Твитер може да ја следите на #oerpolicyworks

Сподели: