Flayer_Atelier_Video de poche

Францускиот институт во Скопје, фондацијата „Метаморфозис“ и регионот Долна Нормандија ве покануваат да учествувате на работилницата „моето прво мини-видео“ и, на тој начин, да земете учество и на самиот натпревар.

Работилницата и натпреворот „моето прво мини-видео“ се организираат во рамките на 8-то издание на Фестивалот на француски филм@fff.mk

Работилницата „моето прво мини видео“ ќе се одржи в среда 20 и четврток 21 мај 2015 од 17 до 20 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул. Максим Горки, бр.18) и ќе ви овозможи да направите мини-видео со помош на вашиот мобилен телефон. Целта на работилницата е подготовка за изработка на сценарио и добивање на технички совети околу реализацијата на мини-видеа со мобилен телефон.

Предавањата ќе се одвиваат на француски (со превод на македонски), на англиски и/или македонски јазик од страна на француски и домашни предавачи.

Бројот на учесници на работилницата е ограничен на 15, кои ќе имаат можност да изработат видео на една од долунаведените теми и да земат учество на натпреварот.

Право на учество на натпреварот ќе имаат само учесниците на работилницата, кои ќе бидат избрани по затворањето на повикот за учество на работилницата/натпреварот и истите ќе бидат објавени на веб страната на Францускиот институт во Скопје.

Видеото треба да биде изработено на една од овие три теми:

  • Мојот град и загадувањето: каква иднина?
  • Слобода на изразувањето
  • Еден среќен ден

Работилниците/натпреварот е наменет за студенти од 18 до 28 години, кои говорат француски и / или англиски јазик.

Авторот на награденото 3-минутно видео ќе добие престој во Долна Нормандија.

На 19 јуни 2015, следи уште дополнителна работилница за финализирање на видео-реализациите, селекција на најдобрите видеа и проекција на истите во рамките на Фестивалот на француски филм@fff.mk, на 19 јуни 2015.

Сите пропозиции за понатамошно учество на натпреварот „моето прво мини видео“ ќе бидат објавени на веб страната на Францускиот институт во Скопје www.ifs.mk

Како да земете учество на работилницата/натпреварот „моето прво мини-видео“ ?

  • ПОПОЛНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ и испратете го на culture@ifs.mk најдоцна до 15 мај 2015.
  • Следете ја работилницата за да можете подобро да се запознаете со техниките за реализација на кратко видео со вашиот мобилен телефон на 20 и 21 мај 2015, од 17:00 до 20:00 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул: Максим Горки, бр. 18). Работилниците ќе бидат одржани на француски јазик (со превод на македонски), на македоснки и на англиски јазик.
  • Снимете, обработете, монтирајте и прикачете го вашето видео на Youtube (видеата можат да бидат изработени на англиски, македонски, албански или на француски јазик).
  • Следете ја работилницата на 19 јуни 2015 за финализација на вашето видео. Селекција на најдобрите видео-реализации.
  • Проекција на најдоброто видео во рамките на fff.mk на 19 јуни, пред главната фестивалска проекција.

Впуштете се оваа нова вантура, снимете го вашето прво мини-видео и освојте престој во Франција!

Сподели: