Филип Стојановски од Метаморфозис зборуваше за медиумските настани кои го променија светот, односно како ширењето одредени информации преку медиумите може да помогне во решавање на конкретни проблеми посочувајќи инспиративни примери од целиот свет. Тој зборуваше и за тоа како локалното и глобалното може да се испреплетат и да си помагаат повикувајќи се на искуствата од Глобал Војсис.

Втората презентација се однесуваше на креирањето е-содржини од локалните заедници. За време на оваа презентација беше презентирана Вики-технологијата како евтино и ефикасно решение за надополнување на недостигот од информации од локално значење и Wiki.mk како веб-сајт за споделување содржини за Македонија. Учесниците се запознаа со техничките и естетските аспекти од уредувањето на статии на овој веб-сајт. Со обучувањето на овие 15 учесници, се зголеми бројот на корисници опфатени со обуките за употреба на Wiki.mk кои се дел од проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија.

Презентацијата заврши со претставување на агрегаторот Ping.mk и неговата употреба за промоција на нивните е-содржини.

Сподели: