На 19, 20 и 21 октомври во 14:00 часот во Кинотека, ќе се одржат работилници за реупотреба на електронски отпад, додека на 21 и 22 октомври со почеток во 11:30 на истата локација, ќе се одржат едукативно ликовни работилници, за време на кои децата со цртежи ќе илустрираат интересни едукативни факти. Овие цртежи ќе бидат дигитализирани и достапни на веб-локацијата www.oer.mk како едукативни помагала.

Во рамки на фестивалот ќе учествуваат повеќе од 400 деца од Македонија и земјите во регионот, односно Италија, Романија, Србија, Грција и Албанија.

Сподели: