Интернет општество – Бугарија во рамките на проектот, финансиран од ЕК, Свет на слободен софтвер: Студија за влијание во светски рамки организира дводневна работилница на тема „Слободен софтвер во југоисточна Европа“. Работилницата се одржува во Софија, Бугарија на 24 и 25 март во рамките на месечните конференции „Линукс за Бугари“.

Главни теми на работилницата „Слободен софтвер во југоисточна Европа“ се: што е заедничко, а што различно, заеднички проблеми и нивни решенија од четири аспекти: заедницата за слободен софтвер, бизнисите, е-влада со слободен софтвер и образование и обука со слободен софтвер.

Г. Бардил Јашари и г. Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис учествуваат како гости-предавачи на работилница. На првиот ден од работилницата тие ќе имаат презентации на тема „Македонија: Политика за отворени стандарди и прифаќање на слободниот софтвер во државната администрација“.

Сподели: