Метаморфозис е домаќин на дводневна регионалната средба на членките на Асоцијацијата за прогресивни комуникации (АПЦ) од Европа која денес започна во Охрид. Мрежата АПЦ обединува 59 граѓански организации од целиот свет со визија за овозможување пристап кон слободен и отворен интернет за да ги подобрат нивните животи и креираат поправеден свет за сите луѓе.

apc-regional-meeting-ohrid

На средбата заедно со Метаморфозис како претставник од Македонија учествуваат и Грин нет и Компјутер еид интернешнал од Велика Британија, Пангеа и Guilfi.net од Шпанија, Платформата Еден свет од Босна и Херцеговина, Блу линк од Бугарија и СтробериНет од Романија. Тема е развој на мрежата и овозможување поголема соработка на регионално (европско) ниво.

Покрај учеството на претставници на сите осум членки на АПЦ од Европа, учествуваат и претставници на две членки од Блискиот Исток: СМЕКС од Либан и Мотун од Египет.

 

Сподели: