Мени

Резултати од конкурсот за грантови за граѓански организации

headerНа конкурсот за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, објавен во декември 2014 година. Избрани се 6 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени мали грантови во вкупен износ од 12.000 евра. Подолу е објавена листата на грантисти.

Грантовите се доделени во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

Организација Име на проект Локација
Еколошко Друштво ’’ Вила Зора’’ Зелен сервис за граѓаните Велес
Фондација за развој на локалната заедница И паркингот е животен стандард Штип
ЗЗУЖС Еко Логик Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти Скопје
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Заедно за намалување на невработеноста на младите Дебар
Здружение Млади европски федералисти Советниците дискутираат, граѓаните читаат Куманово
Здружение „НОВУС“ Општина Струмица – Отчетна, партиципативна и транспаретна општина по мерка на граѓаните Струмица

footer