На конкурсот за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, објавен во јуни 2014 година, до Фондацијата Метаморфозис пристигнаа вкупно 111 пријави. Избрани се 15 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 70.000 евра. Подолу е објавена листата на грантисти.

Грантовите се доделени во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013.

Организација Име на проект Локација
Здружение на граѓани „Институт за човекови права“ (ИЧП) – Скопје ПРАШУВАЈ! Република Македонија
Центар за истражување и информирање за “животната средина „Еко-свест„ Проверка на Европските механизми за заштита од корупција и заштита на животната средина Скопје, Демир Капија
Фондација за развој на локалната заедница Штип Граѓански објектив Општина Штип
Здружение за развој и активизам „Аква“ Струга Јавно VS Јавнато Општина Струга
Асоцијација за истражување на политики Аналитика – Гостивар Следење на трошењето на јавните пари, тендерите и јавните набавки во енергетскиот сектор на Македонија Скопје
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Промената почнува од нас, здрава храна – здрави деца Дебар, Центар Жупа
Здружение на граѓани за економско истражување, застапување и донесување економски политики „Финанце Тхинк“ Скопје Локален развој или тековна потрошувачка: За која намена се трошат општинските пари? 15 најголеми општини во Македонија според број на жители
Здружение на граѓанско општество 8-ми септември Креирање на социјални политики, социјална помош без корупција Општина Центар, Општина Струмица
Сојуз Национален совет за родова рамноправност (НСРР) Преку пристап до информации од јавен карактер до унапредување на социјалната заштита и транспарентноста на локалните самоуправи Могила, Росоман и Арачиново
Коалиција на Здруженија на граѓани “Сите за правично судење” Мониторинг на судски предмети од областа на организиран криминал и корупција Скопје
Центар за ромска заедница “ДРОМ“ Јас имам право да сум информиран! Куманово
Институт за развој на руралните заедници Воспоставување на систем за подобрување на вклученоста на граѓанскиот и бизнис секторот во носењето на одлуки на локално ниво Општина Ресен
Здружение за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ А што со правата на пациентите? Скопје, Струмица, Велес
ИКТ за промени Систем за електронска евиденција на туристи во Тетово Општина Тетово
ЗИП Институт Зголемување на капацитетите за соработка помеѓу општина Сарај и невладините организации (НВО) во Општина Сарај Општина Сарај
Фрејм бај Фрејм Дебатно кино „Контра кадар“ Битола

Сподели: