4574722734_1639e9b7bd_m
Обуката, како и претходните две кои се одржаа во Скопје, опфати повеќе теми распоредени во четири дена. Учесниците најпрво креираа и уредуваа блогови на kauza.mk или се приклучија кон некој од претходно отворените. Покрај тоа, тие поминаа обука за критичко размислување и аргументирано пишување која ја спроведоа претставници од Младинскиот образовен форум во Скопје.

Обуката им овозможи на учесниците и запознавање со можностите кои ги нудат социјалните медиуми за застапување и промоција, со приватноста и авторските права на интернет, како и со практичните начини за користење мултимедија на блог.

На обуката беа креирани следниве блогови:

1. Заштита на правата на хомосексуалците – блог кој сака да ги потсети луѓето дека „Хомосексуалноста не е болест туку сексуална ориентација.“

ednakviprava

    2. Заедничко дигитално небо – блог кој ја претставува дијаспората како двигател на македонската граѓанска демократија и на економскиот развој

    3. Стоп за дискриминација! – блог кој ќе се посвети на споделување искуства за сите видови дискриминација што се случуваат кај нас и во светот

    4. Стави точка – „Подај им рака, а не само прст на маргинализираните групи“

    5. Во лавиринтот на уметноста – мисија на блогот: „доближување на алтернативните видови на  уметност до луѓето, бидејќи уметноста е душата на животот: Колку е таа поопширна, толку душата ни е побогата.“

    6. Стереотипи и заблуди – „Скрши ги рамките, отвори го умот!“

    budenje

    7. Егзотична Македонија – блог за промоција на културното и природното наследство во Македонија

    8. Меѓуетнички соживот – „Добри односи, солидарност и меѓусебно разбирање помеѓу етничките групи“

    9. Новинарство – „Новинарството е професија, не импровизација

    10. Филантропија – целта на блогот е да ја поттикнува филантропијата како начин за разрешување проблеми во заедницата.

    filantropija

    11. И староста е убава – мисија на блогот: „Поголема социјална интеграција и поквалитетен живот на старите лица.“

    Фондацијата Метаморфозис ги повикува сите оние кои се заинтересирани за приклучување кон некои од блоговите креирани на овие обуки, да им се обратат на проектните координатори од Метаморфозис Ирина Шумадиева и Елена Игнатова.

    На слајдшеар е достапна и презентацијата „Вовед во застапување на интернет“, додека фотографии од сите досега одржани обуки во рамките на проектот може да погледнете на профилот на Метаморфозис на Фликр.

    logo_quadri_web

    При крајот на месец мај, учесниците на сите 3 обуки ќе бидат дел од работилниците за дигитално раскажување приказни во Охрид, кои ќе се спроведат во рамките на Проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија.

    Сподели: