Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ денеска во Конгресниот центар на Скопски саем го организираше настанот „Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“.

На отварањето на настанот, извршниот диркетор на Метаморфозис, Бардил Јашари посочи дека технологијата и имплементацијата на новите софтверски решенија треба да им послужат на невладините организации за да ги организираат своите мисии и активности на ефикасен начин.

34654198006_ee0d2ab87f_k

„Технологијата се менува брзо, невладините организации треба да бидат во тек со најновите технолошки софтвери и платформи и да разменат знаење за предизвиците во секојдневното работење“, рече Јашари.

1

Тој додаде дека локалните организации, благодарение на технологијата во облак, соработуваат на национално и на меѓународно ниво и географските и граници меѓу секторите не постојат, а организациите бараат начини за вмрежување, соработка и користење нови технологии за поквалитетно да ја опслужат заедницата во која дејствуваат.

Менаџерката за образовни програми на „Мајкрософт“ во Албанија, Косово и во Македонија, Влора Адеми, потенцираше дека ова е четврта ваква конференција што се организира во Македонија и има голем интерес од страна на невладините организации.

„Невладиниот сектор е главен поддржувач на голем број состојби во општеството и има своја мисија. Работата е предизвикувачка, а технологијата им овозможува полесно да ја реализираат нивната мисија“ додаде Адеми.

2

На конференцијата презентација имаше и Александар Василевски од Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби – СОЛЕМ.

Тој преку презентацијата покажа дека алатките и технологиите на „Мајкрософот“ немаат намена кој може да ги користи истите туку дека можат да ги користат и лицата со интелектуалната попреченост.

3

Претставниците на граѓанскиот сектор имаа можност да научат повеќе за тоа како да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5.000 долари на програмата „Microsoft Azure“ на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Македонија и на Балканот се спроведува од страна на Фондацијата „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“.

Фондацијата „Метаморфозис“ ги помага сите организации во имплементацијата на технолошките решенија. Станува збор за организации кои најчесто работат на решавање на општествени проблеми, за најлесно да ги применат сите донирани алатки со цел за да се подобри квалитетот на живеење.

За набавка на софтверски решенија преку оваа платформа, како и за да добивате донации регистрирајте се на www.techsoupbalkans.org/mk/user/register.

Посетете ја оваа врска за да ја видите галеријата од настанот.

Сподели: