Мени

Се одржа денот на Мicrosoft посветен на НВО-секторот во Косово

Денот на Microsoft посветен на НВО-секторот во Косово се одржa на 13 мај, 2015 г. Настанот организиран од страна на фондацијата Метаморфозис со поддршка од Microsoft, им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата „Microsoft Technology for Good“ за поддршка на граѓански организации. На овој настан, што се одржа во „Orion Conference Center“ во Приштина, беа промовирани и донациите со Microsoft Office 365 за невладиниот сектор во Косово што ги обезбедува фондацијата Метаморфозис преку партнерот Теchsoup Balkans.

20150513_111140

Преку програмата за софтверски донации, Microsoft им овозможува на непрофитните организации да добијат софтверски донации преку Microsoft и нивниот партнер TechSoup Global.

„Ова е втор пат Метаморфозис, со поддршка од Microsoft да го организира Денот за соработка со НВО-ата, и овој настан е важен дел од нашите континуирани напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да бидат поефикасни во исполнување на нивните мисии. Метаморфозис го помага градењето на капацитетите на НВО-ата преку обуки и менторства, создавајќи и обезбедувајќи пристап до образовните ресурси, и како последно, во соработка со Microsoft, обезбедувајќи лиценциран софтвер во вид на донации во рамките на платформата TechSoup Balkans. Како дел од ова платформа, Метаморфозис нуди и директни консултации за НВО-ата во рамките на отворените денови (секој втор петок од месецот), како и врз база на индивидуални барања, со цел што е можно повеќе организации од Косово да имаат можност да ги искористат можностите за донации„ – изјави Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.

Vlora

На темата, „Office 365 и придобивките од примената на облак-технологиите во граѓанскиот сектор„, зборуваше Влора Адеми, Business Development Manager – Education, Microsoft. Истотака, присатните имаа можност да слушат и да видат демо од Office 365 и неговата имплементација.

„Платформата Office 365 сега е достапнна и за НВО-ата во Косово. Office 365 е платфрома за комуникација и соработка и е на располагање како донација за непрофитните организации и невладините организации. Платформата нуди: онлајн верзија на пакетот Office; простор за складирање и споделување на датотеки; е-пошта, контакти и споделени календари; интранет сајт за тимска соработка; неограничен број на онлајн средби, инстант пораки и ХД видео конференции преку Lync; корпоративна социјална мрежа. Ова е нова значајна инвестиција на Microsoft-it за да им помогне на НВО-ата да се фокусираат на реализација на сцоите општествено корисни мисии, без да водат грижа за технологијата и без да инвестираат во неа” –  истакна Влора Адеми, Business Development Manager – Education, Microsoft.

Потоа, Адријана Селмани, програмски асистент во фондацијата Метаморфозис имаше презентација “TechSoup Global – Предностите и можностите кои што ги нуди Techsoup Balkans“.

20150513_115437

„Свесни сме дека непрофитните организации играат необично важна улога во секоја заедница ширум светот. Ние во Микрософт од секогаш сме ја препознавале важноста на работата на непрофитните организации и верувавме дека може да им помогнеме со тоа што ќе има ја ставиме на располагање нашата најнова технологија.  Така, во рамки на нашите програми за општествена одговорност ние ја креиравме иницијативата Technology for good за да придонесеме кон решавање на комплексните социјални и општествени проблеми. На тој начин, со давање на моќна технологија во рацете на невладините организации, веруваме дека може да ја поттикнеме нивната продуктивност, да ја зголемиме ефективноста, за да можат нивните услуги да станат достапни на што поголеми заедници и индивидуалци кои имаат потреба од нив.  Софтверски донации реализиравме во повеќе од 125 земји во светот во вредност од повеќе од 940 милиони долари во тек на последната година. Во Косово во последнети две години дониравме повеќе од 800 лиценци на невладини организации во вредност од над 500.000 долари.“, изјави Стефан Плавјански, генерален директор на Microsoft Maкедонија и Косово.

Во вториот дел од настанот не изостанаа и презентациите на најдобрите практики од неколку непрофитни локални организации како корисници на Office 365 и добитници на други софтверски донации од Microsoft.

2015-05-13 14.03.41

Вториот дел од настанот се заокружи со работилницата: Tехнологиите за граѓанскиот сектор, каде што претставниците на непрофитните организации имаа можност да се запознаат подобро со софтверските донации преку консултации и можноста за апликација за софтверска донација преку платформата Techsoup Balkans.

Untitled