Голем број експерти од странство и од Македонија имаа воведни излагања на теми кои се релевантни за развојот на информатичкото општество во Македонија. Конференцијата ја отвори г. Џемали Мехази, министер за транспорт и врски во Владата на РепубВчера во хотелотлика Македонија. Присутните ги поздравија НЕ Амбасадорот Карлос Паис, Раководител на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, д-р Роланд Блес, постар советник во канцеларијата на Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите и г. Јани Макрадули, претседател на Комисијата за информатичка технологија при Владата на РМ.

Конференцијата „е-Општество.Мк“ претставува прв дел од проектот кој има за цел подигнување на јавната свест за придобивките од новото информатичко општество. Во продолжение следуваат трибини во Охрид, Скопје, Битола и Тетово. Подетални информации за конференцијата можете да најдете на веб-сајтот е-Општество.Мк.

Наскоро сите презентации ќе бидат достапни на сајтовите на Метаморфозис и е-Општество.Мк.

Сподели: