Мени

Се одржа обука за медиуми против говор на омраза во Струмица

На 20 октомври во Струмица се одржа третата обука од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На оваа едно-дневна обука присуствуваа 25 претставници на медиумите како и локални медиуми кои ја пренесоа веста за оваа обука.

IMG_20151020_102739

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал  од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.

 

На оваа обука беа опфатени следните теми:

  • Вовед на темата говор на омраза
  • Правни рамки поврзани со говорот на омраза
  • Напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во оваа област
  • Учество во заедницата насочена кон борба против говор на омраза
  • Идентификување говор на омраза според методологијата на Сервисот за проверка на факти од медиумите
  • Општествена одговорност на медиумите (порталите)
  • Развој на интерни механизми за саморегулација во рамки на еден медиум: Развој на политика за говор на омраза, регистрација, ограничувања за содржини генерирани од корисниците, коментари на социјални медиуми, механизам за предупредување и отстранување (notice and take down mechanism)

Во текот на оваа обука беше презентирана и првата мобилна апликација во светот за борба против говорот на омраза која има за цел поефикасно информирање и подигнување на јавната свест за говорот на омраза, овозможувајќи им на граѓаните брз и иновативен пристап до најновите вести од оваа област, како и пристап до образовните и стручните ресурси. Апликацијата “Не мрази”, која e прва апликација од тој вид за паметни мобилни телефони во светот, е достапна за бесплатно преземање за корисниците на најпопуларните оперативни системи Андроид преку Гугл Плеј и иОС (iOS), односно корисниците на Ајфон и Ајпад преку Епл Стор.

Во сесијата за дискусии, присутните претставници на медиуми се изјаснија дека обуките од оваа област им помагаат во справувањето со говорот на омраза на интернет, појава со која се соочуваат во секојдневието.