Претставници на Институтот за развој на руралните заедници присуствуваа на еднодневна обука за Отворени податоци во просториите на Фондацијата Метаморфозис. Тие имаа можност да се запознаат со основите на отворените податоци, како и онлајн алатки за визуелизација на податоците.

Обуката се одржа како подготовка за реализација на предлог проектот на ИРРЗА – Реален развој на руралните средини и земјоделството со кој беа победници на Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци кој го објави Фондацијата Метаморфозис.

ИРРЗА ќе собира податоци од Националната програма – директни плаќања во земјоделството и ИПА-ИПАРД проектите во Македонија, кои потоа ќе ги сортира, анализира и објави на нивната веб страница.

obuka5

Покрај ИРРЗА, добитник на Конкурсот е и идејата на ИКТ за промени, кои ќе работат на проектот наречен „Data journalism – Систем за истражување врз основа на јавните набавки во РМ“. Тие предложија да ги собираат податоците од електронскиот систем за јавни набавки, кои се јавно достапни, да ги организираат и презентираат на начин кој ќе биде корисен за новинарите во Македонија.

ЗИП Институт од Скопје, пак, доби поддршка за проектот преку кој ќе се креира веб апликација на речена „Rate.me – Систем за известување за услугите на угостителските објекти“. Целта е да ги соберат позитивните и негативните практики од угостителските објекти во Македонија каде се служат храна и пијалоци. Потребни им се податоците за издадени дозволи за угостителски објекти, категориите на кои тие припаѓаат како на пример, ноќни клубови, барови, диско клубови итн. Воедно сакаат да ги вклучат и податоците за изречените казни за угостителските објекти и за инцидентите кои се случиле на овие места вклучувајќи ги и повредите на законските норми.

obuka7

Коалицијата на здруженија на граѓани – „Сите за правично судење“ ќе работи на проект базиран на Отворени податоци за транспарентно судство. Тие веќе поседуваат своја база на податоци од 12 годишниот мониторинг на судството во Македонија која сакаат да ја отворат и да ја направат јавно достапна преку изградба на нова веб-страница.

Конкурсот е во рамки на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој се спроведува во соработка со Open Knowledge Foundation, а чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

Сподели: