Мени

Се одржа подготвителна работилница за натпреварот ‘Слободата на говор во мини видео’

На 12 и 13 мај, во Мултимедијалниот центар за настава на Францускиот институт во Скопје, се одржа подготвителната работилница за второто издание на натпреварот ‘Слободата на говор во мини видео‘. Работилницата ја посетија 8 учесници.

313

На работилницата учесниците имаа можност да добијат совети за основите на снимањето на кратко видео кои потоа ги искористија во креирањето на сопствени кратки видеа. Користејќи ја алатката Windows Movie Maker видеата потоа беа едитирани и подготвени за прикажување. Покрај практичниот дел, на работилницата имаше и дискусија за слободата на изразување и значењето на истата во демократските општества.

Г-а Анук Ледерле, независен културен менаџер, Дона Џамбаска и Филип Нешкоски од Метаморфозис ја водеа работилницата каде како гостин беше и минатогодишниот победник на натпреварот за кратко видео кој го пренесе искуството од неговата посета на филмскиот фестивалот Off-Court  во Трувил

Оваа подготвителна работилница беше во рамките на 9-тиот Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.

349

Повеќе фотографии од обуката се достапни на страницата на Фејсбук на Францускиот институт во Скопје.