Мени

Се одржа првата Едуконференција за наставници и информатичари 2015

На 24 и 25 јануари 2015 година, во Хотел Дрим, Струга, се одржа првата Едуконференција за наставници и информатичари 2015, организирана од Пријатели на образованието, а поддржана од Алијанса за отворени образовни ресурси, Мајкрософт, Британски Совет во Македонија, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, ФИНКИ, Бела и фондација Чекор по чекор.

На конференцијата наменета за сите наставници и студенти – идни наставници, присуствуваа приближно 500 посетители. Конференцијата започна со работилница на Мајкрософт на тема: Како може да ја промениш твојата училница со технологија, а потоа следеше работилницата на Алијансата за ООР на тема: Што се ООР, зошто се важни и како може да се користат.

10410487_702333643216046_3941810715518632959_n (1)

Понатаму конференцијата продолжи со презентации на говорници од земјата и странство кои се одвиваа во неколку сали истовремено, а учесниците може да проследат најразлични теми по избор корисни за нивната настава и примена во образованието.

10432470_702777559838321_4581320014855103769_n

На конференцијата присуствуваа и победниците на изборот за Нај ООР наставник за 2014 година, кои имаа можност да ги споделат нивните искуства и работата со ООР.