На 10-ти јуни 2016 година, една од партнерските организации во проектот ACTION SEE движењето MJAFT!, ги собра локалните партнерски граѓански организации и претставниците на локалната самоуправа на првата работилница во Тирана, Албанија, за да дискутираат за прашањата и предизвиците од областа на правото, доброто владеење и реформите во јавната администрација. Учесници на оваа работилница беа исто така претставниците на граѓанските организации и медиумите. Inception_Report_Albania1Ангажирани во застапувањето на поголема транспарентност, отчетност и отвореност во донесувањето одлуки и буџетирањето во нивните локални заедници, претставниците на партнерските граѓански организациии споделија информации и разменија искуства во справувањето со јавната администрација и институциите на локалната самоуправа.

Генералниот заклучок на партнерските граѓански организации се однесуваше на недостатокот на отвореност на јавната администрација во врска со иницијативите на граѓанското општество, а тоа се должи поради екстремно ниското разбирање на придобивките од граѓанското учество при процесот на донесување одлуки од страна на локалните власти. Претставничката на BIRN Albania, Кристина Воко, го смета проблемот со транспарентноста на јавните институции како загрижувачки.

Г-ѓа Воко изнесе примери од нејзината секојдневна работа, при што рече дека побараните информации не се јавни или се недостапни. Претставниците на граѓанските организации предложија поголема транспарентност од страна на јавните институции, за понатамошно справување со други проблеми.

Г-а Мирела Арќимандрити, претставник од Коалицијата за слободни и фер избори и одржлива демократија, понуди соработка и предложи да се има цврста технологија за мерење на индикаторите.

Г-а Енглатина Алиај, новинар и преставник на News 24, предложи дека граѓанските организации треба да користат едноставни термини при претставување на нивните наоди, бидејќи отстапеното време за граѓанските организации во традиционалните албански медиуми е прекратко. Inception_Report_Albania2

Проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Сподели: