Споредба на владината отвореност како алатка за застапување – ова беше главната тема на првата работилница од ACTION SEE која се одржа во Сараево на 28 мај 2015 година, како еден од главните настани на конференцијата POINT 5.0 организирана од партнерот во проектот ACTION SEE од Босна и Херцеговина, UG Zašto ne.

Оваа работилница ги посочи потенцијалните начини за подобрување на владината отчетност и доброто владеење преку разни активности за застапување поврзани со известување за владината транспарентност во регионот. Панелисти на оваа работилница беа Јелена Берковиќ од GONG, Хрватска, Анна Кулиберда од ТechSoup, Полска и Душан Јордовиќ од CRTA, Србија, додека пак модерарот на работилницата беше Дарко Бркан од UG Zašto ne од Босна и Херцеговина. 20160528113403[1]

Јелена ја започна дискусијата споделувајќи ги хрватските искуства во врска со мерењето на транспарентноста на Владата. Таа зборуваше и за следењето на процесот на пристап кон ЕУ спроведено од GONG заедно со други невладини организации во Хрватска, како и за иницијативата за мониторинг на локалната власт LOTUS, која има значаен удел во работата на локалната власт во Хрватска. „Градоначалниците се натпреваруваа и реагираа ако изгубеа неколку поени кај индикаторите. Го сфатија ова многу сериозно, посебно дека сево ова се случи пред изботите“ – истакна Јелена.

Анна Кулиберда зборуваше за идејата зад индексот на регионална отвореност и за тоа како се креираше методологијата. Таа исто така се осврна и на потенцијалниот удел на компаративното истржување за успехот од застапувањето на вакви прашања.

Душан рече дека CRTA очекува да има придобивки од ова истражување и дека проектот на повеќе начини, во смисла дека Владата ќе постапува сѐ подобро со секој изминат ден и во смисла на застапување на нивните политики до институциите. „Сметаме дека пристапот и одговорите од Владата ќе бидат попроактивни ако има јавна мерка прикачена на нејзината работа“ – одговори Душан.

На крајот, Дарко Бркан објасни дека има јасна потреба за регионален индекс, заради потребата од подобро јавно достигнување и видливост, прилагодување на индикаторите на локално ниво, но исто така и потребата за воспоставување на алатка за застапување која би се користела во различки процеси, како отвореното владино партнерство или во процесот на пристап кон ЕУ. 13350268_1069154526477666_1201018654424730578_o

Проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.

Сподели: