На 10ти мај, во Културниот центар во Феризај, Open Data Kosovo (ODK) го започна проектот „ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа“.

ODK е дел од мрежата на ACTION SEE која е составена од организации од регионот на југоисточна Европа и го започна регионалниот проект во Косово кој ќе овозможи разновидни истражувања поврзани со соработката меѓу Владата, граѓанските организации и медиумите, воспоставување регионален индекс на отвореност како и финансиска поддршка во форма на микро грантови за граѓанските организации за полесно да се справуват со горливите прашања и да се зголемат нивните капацитети. 13140846_1107257612629927_363582283_n

„Доброто владеење е клучно за владеењето на правото. Додека проблемите со корупција, транспарентност, владеење на правото и доброто владеење се во центарот на вниманието, сепак има недостаток на разбирање а не се обрнува доволно внимание на системските проблеми за тоа да се покаже.“ изјави Бесник Рустеми, преставник на ODK.

Исто така, за време на состанокот се потенцираше дека мали грантови ќе се доделуваат во наредните 4 години, кои ќе им овозможат на невладините и на медиумските организации да го зголемат својот капацитет со тоа што ќе работат на разни теми и прашања.

„Целта на проектот е да ја зголеми вклученоста на граѓанските организации и медиумите во процесите на донесување одлуки, политики и јавни мислења, како и да се подобрат капацитетите на граѓанското општество да ги адресира значајните проблеми“, истакна Партин Имери, преставник на ODK. 13152775_1107257679296587_631524266_n

Албион Шериф од Младинскиот политички форум изјави: „Улогата на граѓанските организации е круцијална во напредокот на јавните политики, но поголемиот дел од овие заложби се погрешно сфатени како „војна“ против Владата. На локално ниво, улогата на граѓанските организации е многу важна во адресирањето и застапувањето на одредени прашања во врска со категоријата на одредено општество. Општо земено, вмрежените организации со иста дејност и нивната постојана посветеност на специфични причини, им овозможува гарантирано учество во процесот на донесување одлуки, инаку би биле само „слика без тон““.

На овој состанок присутствуваа 21 претставник на граѓанското општество, медиуми и други гости од општинските институции.

Проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, со финансиска поддршка на Европската Унија во партнерство со Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

Сподели: