На 19 мај 2016, една од партнерските организации во проектот ACTION SEE, Центарот за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Србија, ја организираше првата работилница во Белград, на која учествуваа локалните партнерски граѓански организации и претставници од локалната самоуправа каде што тие дискутираа во врска со прашањата и предизвиците поврзани со владеењето на правото, доброто владеење и реформите во јавната администрација. На овој настан присуствуваа претставници на граѓански организации од Пријепоље, Ниш, Горњи Милановац, Лозница, Прокупље, Ваљево, Зрењанин, Трстеник како и претставници од Младинската Канцеларија Трстеник и локалната самоуправа на Пријепоље.

Ангажирани во застапувањето за поголема транспарентност, отчетност и отвореност во процесот на донесување одлуки и буџетирањето во нивните локални заедници, партнерските граѓански организации споделија информации и разменија искуства во справувањето со јавната администрација и институциите на локалната самоуправа. IMG_1830

Генералниот заклучок на граѓанските партнерски организации се однесуваше на недостатокот на отворенот на јавната администрација во врска со иницијативите на граѓанското општество, кое постои заради неверојатно ниското разбирање на бенефициите кои ги носи граѓанското учество во процесот на донесување одлуки од страна на локалните власти. Како добар пример од праксата, претставниците на граѓанската партнерска организација Јеринин град и Младинската Канцеларија од Трстеник, споделија дека нивното плодно партнерство, соработка, и заеднички напори директно придонеле за локално распределување на буџетот за Младинската Канцеларија.

Осврнувајќи се на промените во структурата на локалната самоуправа по последните локални избори во Србија, учесниците исто така го истакнаа и недостатокот на инстуционална меморија како еден од главните предизвици за понатамошни реформи. Следователно, контактите и партнерствата стекнати со локалните власти во претходниот период би можеле да бидат загрозени со воспоставувањето на новоизбраната влада, а ова исто така ја истакнува важноста и вредноста на иницијативите на граѓанското општество во влијаењето и поддржувањето на вистински инстуционални промени кои водат кон поотворено и поотчетно владеење на долг рок. IMG_1816

Учесниците исто така го дискутираа недостатокот на капацитети кај граѓанските движења за ефективен пристап до институциите и јавните функционери во рамките на нивната иницијатива за застапување, и за важноста на поддршката за развој на капацитетите на локалните актери од граѓанското општество. Во согласност со овој заклучок, CRTA ги најави активностите за градење капацитети и поддршка на локалните организации кои ќе бидат спроведени во рамките на регионалната ACTION SEE иницијатива.

Проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.

Сподели: