Мени

Се одржа првата работилница во Црна Гора во рамките на проектот ACTION SEE

За да се намали можноста за корупција и да се обезбеди спроведување на владеењето на правото, институциите во Црна Гора мора да се стремат кон поголема транспарентност, отчетност и ефикасност во својата работа. Ова е заклучокот од првата работилница организирана од Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), партнер во проектот „Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE)“, која се одржа во инфо центарот за евроатлантска интеграција во Подгорица, Црна Гора на 15.04.2016. SONY DSC

Претставници од ЦДТ ја презентираа регионалната иницијатива за отворено и одговорно владеење кое ќе придонесе кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, што всушност претставува суштински дел во спречувањето и борбата против корупцијата.

На оваа работилница присуствуваа 25 учесници, преставници на институции, невладини организации и на медиумите кои дискутираа за сите релевантни прашања од областа на доброто владеење.

Учесниците разговараа и за резултатите од новото истражување за корупцијата во Црна Гора, имајќи предвид дека напредокот на Црна Гора во преговорите со Европската Унија зависи од напредокот постигнат во областа на почитувањето на владеењето на правото и капацитетите за имплементирање реформи и акции за спречување и борба против корупцијата,

Претставничката на агенцијата ДеФакто, Оливера Комар, која го спроведе ова истражување за потребите на ЦДТ и претставникот од Агенцијата за спречување на корупција, Младен Томовиќ, се согласија дека решението за искоренувањето на корупцијата не е во новите закони, туку во промената на општеството преку општествен притисок.

Комар посочи дека фактот што корупцијата е трет најголем проблем во земјата, според мислењето на граѓаните, покажува дека „луѓето се свесни дека корупцијата не е нешто што нè чини само онолку колку што е вредноста на поткупот“.

Томовиќ пак рече дека и покрај тоа што дел од резултатите на истражувањето се охрабрувачки, состојбата е главно загрижувачка, „Особено ако се има предвид бројот на испитаници кои велат дека се подготвени да учествуваат во коруптивни практики“, рече тој.

Тие исто така дискутираа и за културниот шаблон присутен во Црна Гора од кој е тешко да се излезе бидејќи е потребно одредено време.

„Непотизмот и клиентелизмот се вредности на културното наследство во нашето општеството“, заклучи Томовиќ.

Проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.