Мени

Се одржа првиот координативен состанок од ACTION VISEGRAD SEE проектот

 За време на првиот координативен состанок кој се одржуваше од 28 до 30 јануари во ГЕМ клубот во Скопје, партнерите од ACTION VISEGRAD SEE проектот уште еднаш се сложија дека ИКТ алатките во нивните земји, без разлика дали се развиени од граѓанските организации и државата, не се доволно употребувани, а најмногу поради недостатокот на свесност и вештини.

DON_1232

На состанокот присуствуваа претставници од координаторите на проектот – Фондација Метаморфозис и од партнерските организации: atlatszo.hu Nonprofit Ltd. од Унгарија, ePanstwo Foundation од Полска, KohoVolit.eu од Чешка, Pontis Foundation од Словачка, Center for Democratic Transition од Црна Гора, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија и Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина. 

DON_1192

Присутните за време на тридневниот состанок ги идентификуваа и меѓусебно споделија предизвиците и добрите практики од своите земји, заклучувајќи дека се соочуваат со слична атмосферата и општествените околности во земјите од кои доаѓаат.

Целта на ACTION VISEGRAD SEE проектот е промоција на динамично граѓанско општество кое ефективно ќе мобилизира граѓани за активно вклучување кон прашања поврзани со доброто владеење, и кое ќе влијае на политиките и процесите на донесување на одлуки на национално и регионално ниво во Западен Балкан.

DON_1241

 

 

DON_1188

 

 

The ACTION VISEGRAD SEE project is supported by the:

visegrad_fund_logo_blue

and the

Government of The Federal Republic of Germany