На 24.11.2016, Ministry of Data во соработка со Фондацијата Метаморфозис организираа Мinistry of Data meetup во Скопје, кој се одржа во Цреша бар. Целта на овој настан беше сите заинтересирани граѓани, организации и компании да се информираат околу можноста која Ministry of Data ја нуди на сите кои ќе се пријават да учествуваат во овој регионален предизвик за креирање апликации кој го поддржува креативниот потенцијал на младите луѓе, отворените податоци и напредокот на технологијата за инклузивно управување на подрачјето на западен Балкан.

15179198_10154695503766873_7576116090360546695_n

Идеите кои ќе произлезат во текот на овој предизвик се поврзани со начинот како да ги трансформираме нашите градови и да го подобриме владеењето, ефективноста и јавното учество на локално ниво и преку визуелизации/аналитики, мобилни апликации и други е-решенија. Два тима што ќе учествуваат на предизвикот ќе освојат менторски шеми по своја мерка и парична награда од 2.500 американски долари.

15219968_10154695504401873_614231723599779413_n

Исто така е предвидена и специјална награда од дополнителни 2.500 американски долари за најдобри визуелизации/аналитики, мобилни апликации и други е-решенија кои користат географски податоци.

img_20161124_172009

Во првиот дел од неформалната средба беа презентирани видеата на победничките идеи од минатата година на Ministry of Data регионалниот предизвик Relatewith.it и Warsaw Ninjas, кои послужија како пример и исто така потикнаа во развивање на дискусија, поставување прашања и развивање идеи. Исто така, во првиот дел на овој настан беше презентирана и веб-апликацијата openprocurement.mk, која послужи како пример за начинот на прибирање на отворени податоци од институциите во Република Македонија, односно беа презентирани предизвиците со кои се соочи организацијата ИКТ за Промени за време на креирањето на оваа апликација и споделија корисни совети за сите кои сакаат да учествуваат со идеи на овој повик.

15232242_10154695503821873_7557297743083835063_n

Додека во вториот дел, учесниците имаа можност да разговараат преку Skype алатката со претставник од Ministry of Data, при што се запознаа со условите и формата за аплицирање.

15171205_10154695503721873_5255908277779129902_n

Што е Ministry of Data?

Ministry of Data е регионален предизвик за креирање апликации кој го поддржува креативниот потенцијал на младите луѓе, отворените податоци и напредокот на технологијата за инклузивно управување на подрачјето на западен Балкан. Доколку имате идеја како да ги трансформирате нашите градови и да го подобрите управувањето, ефективноста и учеството на јавноста на ниво на градови, и имате 18 или повеќе години, Ве повикуваме да ни се придружите! Рокот за пријавувавње е 5 декември 2016 година.

Сподели: