Мени

Се одржа вебинар на тема: „Како да ја заштитите приватноста во дигиталниот свет?“

На 12 април 2017 се одржа едночасовен вебинар на тема: „Како да ја заштитите приватноста во дигиталниот свет“, на кој присуствуваа 46 учесници кои активно учествуваа преку поставување прашања и дискутирање.

Предавач на вебинарот беше Елена Трифуновска магистер по комуникации со долгогодишно искуство во областа на заштитата на приватноста. Во периодот од 2005 до 2014 година Елена работела како советник за меѓународна соработка и односи со јавноста во Дирекцијата за заштита на личните податоци, а оттогаш наваму како аналитичар во областа со особен фокус на заштитата на приватноста на интернет и во медиумите. Се јавува како автор и ко-автор на повеќе стручни публикации за заштита на личните податоци во одделни области, анализи и истражувања кои се однесуваат на примената на регулативата за заштита на личните податоци. Покрај правото на приватност во нејзиното поле на интерес се и медиумската регулатива и информациско – комуникациските теории.

Видео снимката од вебинарот е прикачена на Youtube и е достапна за сите заинтересирани преку овој линк: https://youtu.be/Mo4c7EfKO3A

Презентацијата на Елена Трифуновска, е достапна за преземање на следниот линк: http://bit.ly/2pwIIvE

Корисни линкови:

Не заборавајте да нè следите на нашите профили на социјалните медиуми и да ни пратите предлози и забелешки за да ја подобриме нашата работа.

Твитер: @fmeta

Фејсбук: https://www.facebook.com/metamorphosis.foundation/

Овој вебинар се одржа во рамки на проектот TechSoup Balkans.

Доколку имате предлози или прашања во врска со вебинарите, контактирајте нè на: webinar@metamorphosis.org.mk