Мени

Се одржа завршна конференција за проектот Сајберангели чувари

На 20 јули, во Хотел ,,Леон“ во Дебар, се одржа завршна конференција за проектот Сајберангели чувари, спроведуван од Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар (ЦОРЗ), во партнерство со Метаморфозис.

konfdebar

Настанот го отвори Шуип Марку, од ЦОРЗ Дебар, кој ги презентираше резултатите од проектот и идните активности за негова одржливост. Потоа, Дона Џамбаска од Метаморфозис зборуваше за досегашните практики и мерки во борбата против сајбер насилството и ги презентираше употребените алатки од страна на граѓанскиот сектор. Претставникот од одделот за превенција од полициската станица Дебар зборуваше за начините и постапката за пријавување на сајбернасилство, додека правната регулатива во предметите кои вклучуваат сајбернасилство беа презентирани од претставник на Основниот суд Дебар.

На конференцијата присуствуваа преставници од училиштата во регионот (директори, стручни служби и професори) како и други учесници во проектот.