На 29.12.2015, во просториите на Метаморфозис се одржаа 2 обуки за волонтери-преведувачи за Глобал Воисес. Присутните имаа можност да се запознаат со концептот на Глобал Воисес, платформата и можностите за вклучување во оваа волонтерска заедница.

На првата обука наменета за преведувачи кон македонски јазик присуствуваа 6 учесници, додека обуката за преведувачи кон албански јазик ја проследија 3 учесници.

„Глобал војсис“ е волонтерска заедница од повеќе од 800 автори, аналитичари, експерти за интернет-медиуми и преведувачи од повеќе од 160 земји низ светот, кои обезбедуваат и преведуваат вести и приказни што се недоволно покриени од комерцијалните медиуми.

Сподели: