На 21 април во ОУ „Кемал Ататурк“ во Центар Жупа се одржа трибина за онлајн заштита на приватноста и личните податоци, на која присуствуваа ученици од истото училиште и ученици од Гимнацијата „АТА“ од оваа општина. На трибината присуствуваа 40тина ученици кои дискутираа за тоа што се лични податоци, кои опасности постојат на интернет и како да се заштитат од истите.

20160421_103627

Потоа, во средното училиште „Маврово-Ростуше“ од регионот Маврово и Ростуше се одржа трибина на истата тема каде присуствуваа 40 ученици од средното училиште, како и ученици од ОУ „Ѓорги Пулески“.

13078161_10208825674971848_1373286758_o

На 25 април се одржаа уште 2 трибини и тоа едната во ОУ ,,Саид Најдени“, а втората во СОУ ,,Здравко Чочковски/28 Ноември“. На овие трибини освен ученици од овие училишта, имаше и ученици од ОУ ,,Братство единство“-Пенестиа, како и од ОУ „Ристе Ристески“. Овие 2 трибини во Дебар ги проследија 80тина ученици.

На крајот од трибините учениците добија брошури за едукација против говор на омраза, флаери за заштита на приватноста и безбедноста на интернет како и други промотивни материјали изработени во рамките на проектот.

Проектот „Сајбер ангели чувари – безбедност на децата на социјалните мрежи и интернет од злоупотребата на личните податоци“, е имплементиран од Центар за одржлив развој на заедницата Дебар во партнерство со Метаморфозис, а поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Главна цел на проектот е заштита и едукација на младите од злоупотребата на нивните лични податоци преку социјаните мрежи.

Сподели: