Обуката ги опфати следните теми, распоредени во 4 дена:

  • Вовед во лобирање и застапување преку користење на нови медиуми
  • Пишување за на веб
  • Критичко мислење за аргументирано пишување
  • Блогирање, користење на блог платформи, уредување на блогови
  • Користење и ажурирање на вики сајтови
  • Користење на социјални медиуми за градење  на заедници и промоција на содржини
  • Користење на агрегатори на е-содржини

Како резултат од обуката се креираа 5 тематски блога.


Преглед на креираните блогови

1. Јазикот во медиумите – блог за поттикнување правилна употреба на македонскиот јазик во медиумите и воопшто

jazikotvomediumite

2. Живот за живот – блог кој се залага за повторно воведување на смртната казна во Република Македонија

zivotzazivot

3. Млади активисти – блог кој ги поттикнува младите луѓе да се активираат во разни сфери од животот за да придонесат за промени во општеството

mladiaktivisti

4. Нашиот Zeitgeist – блогот има за цел да наметне нови стандарди преку информирање и коментирање на светските трендови и начинот на кој тие се прифатени од страна на светските компании, како и идеи за нивна примена кај нас

nasiotzeitgeist

5. Технологија – блог за промоција на нови технологии

tehnologija

logo_quadri_webСледната обука е закажана за 27-30 април и е наменета за активисти од цела Македонија. Тоа ќе биде последниот циклус обуки од овој тип. Во мај пак, сите учесници на досега одржаните обуки ќе земат учество на работилници за дигитално раскажување приказни, кои ќе се спроведат во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија. Оваа методологија на работа и техниките кои се применуваат во процесот ќе се употребат за развивање на креативни видео содржини за поддршка на нивните каузи.

Сподели: