Мени

Обука за отворени податоци

Тридневната обука за отворени податоци се одржа во периодот од 18 до 20 март 2015 година. На обуката присуствуваа 16 учесници кои имаа прилика да научат повеќе за отворените податоци, како и тимски да работат на смислувањето идеи за проект што би можел да се спроведе. Групата избра проект што ќе се спроведува во претстојниот период и ќе ја достигне својата кулминација на хакатонот што ќе се одржи во мај, во Сараево, за време на конференцијата POINT. Обуката ја одржаа Дона Џамбаска од фондацијата Метаморфозис и Тин Гебер од The Engine Room.
16707053957_c06b8dac0b_z

                                                       20 почетни идеи за проекти засновани врз податоци

Групата беше составена од претставници на следниве организации: Еко-Свест, Коалиција „Сите за правично судење“, Погон, ЦПРМ, Публик, МЦМС, ФООМ, Finance Think, Реактор, ФИНКИ и МОФ. На обуката првично беа предложени 20 идеи, од кои на крајот се избра една идеја што ќе се спроведува како проект. Имаше најразлични идеи, од идеи за поголеми, покоммплексни проекти, па се до поконкретни идеи, на пр. идејата за проект за реновирање на јавните тоалети. Проектот кој го избра тимот ќе се фокусира на подобрување на условите за велосипедизмот во Скопје.

                                                    Се залагаме за подобри велосипедски патеки во Скопје!
Целта на проектот е собирање податоци што ќе бидат корисни за подобрување на велосипедизмот во Скопје. Користејќи ја мобилната апликација, активистите ќе имаат шанса да ги соберат потребните податоци преку краудсорсинг, за потоа да ги користат за застапување базирано на докази. Истите тие податоци ќе се соединат со други отворени податоци, со цел добивање јасна слика за ситуацијата со велосипедизмот во градот и како истата да се подобри. Ова е само почетокот, групата ќе продолжи да работи и ќе ве известува за напредокот на проектот!

Достапни материјали од обуката:

Фотографии од обуката се достапни овде.

Кратка презентација за податоци и отворени податоци: