Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ – Скопје, ве поканува на серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014“, на ден 30.10.2014 год. (четврток), во City Hall (поранешен Хард Рок), со почеток во 19:00 часот.

Настанот е од промотивен карактер и се прави во соработка со Archaeological Institute of America, a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство. Меѓународниот ден на археологијата е светски настан кој ја слави археологијата и ја подигнува свеста за неа како наука, во исто време обезбедувајќи можност за учество на јавноста во археолошките активности и дебати. Говорниците на овој настан ќе имаат свои презентации од по 15 мин. по што публиката ќе има можност да ги прашува и да дебатира на зададената тематика.

Предавањето е во организација на УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО „Отворени образовни ресурси“ (ООР). Настанот е подржан од Алијанса за ООР на Република Македонија.

Ги замолуваме сите медиуми кои сакаат да бидат дел од овој настан, да го најават однапред своето присуство на contact@haemus.org.mk

Влезници: За да се присуствува на предавањето потребно е претходно да се подигне влезница. Влезници со цена од 150 мкд. ќе можат да се подигнуваат во City Hall Center, Скопје, секој работен ден (освен викенд) помеѓу 09-15:30 часот, од 10.10.2014 па натаму.

Официјален веб сајт на настанот: www.archaeologyday.org

Говорници на настанот:

1. М-р Марина Спирова (ХАЕМУС, Скопје)
Пејсажот, изведбата и ритуалните активности во енеолитското светилиште Св. Атанас (с. Спанчево)

2. Дејан Ѓорѓеивски (НУ Музеј на Куманово, Куманово)
Првични резултати од ископувањата на локалитетот „Црквиште“ (с. Клечовце)

3. М-р Биљана Гаревска (НУ Природонаучен музеј, Скопје)
Палеонтологијата во служба на археологијата

4. Валентина Тодороска (ХАЕМУС, Скопје)
Подводното културното наследство на Република Македонија

5. Перо Синадиновски (независен археолог, Делчево)
Рекогносцирање на праисториски локалитети во Раечката клисура

Пауза од 15 мин. за освежување

6. М-р Василка Димитровска (ХАЕМУС, Скопје)
Цоцев Камен – пример кога карпите и камењата од нашето минато стануваат наука

7. М-р Мимица Велова-Граорковска (независен антрополог, Скопје)
Еден случај на насилна кранијална траума на скелет од Источната некропола на Скупи

8. Д-р Донка Барџиева-Трајковска (ЦКН, Скопје)
Некои нови аспекти од иконографијата на Свети Јован Крстител во црквата Никола во Љуботен

9. Д-р Лидија Ковачева (Евробалкан, Скопје)
Форми на фаталистички верувања кај Aнтичките Македонци

10. Д-р Никос Чаусидис (УКИМ, Скопје)
„Македонските бронзи“ и религијата на железнодобните култури од Средниот Балкан

Сподели: