Мени

Слобода наместо страв: Трибина на тема безбедност на комуникации

Freedomnotfear

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв – меѓународни денови на акција“, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија ќе организира трибина на тема безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите.

Трибината ќе се одржи на 19 октомври, од 11 до 12:30 часот во ГЕМ клубот во Скопје, а ќе присуствуваат тројца говорници: Предраг Тасевски од cybersecurity.mk, Виолега Ѓорѓиевска од Internet Hotline Provider – Macedonia и М-р Билјана Волческа од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Истиот ден од 13 до 15 часот, во просториите на ГЕМ клубот ќе се одржи и работилницата за безбедно користење на мобилни телефони, а тренер ќе биде Предраг Тасевски. Местата за посетители на работилницата се ограничени, па поради тоа оние што сакаат да учествуваат треба се пријават на следниот формулар најдоцна до 16 октомври, петок, до 14 часот.

Иницијативата (www.freedomnotfear.org), благодарение на Фондацијата Метаморфозис, е присутна во Македонија од 2008 година, а оваа 2015 година како партнер се вклучува и коалицијата „Граѓаните за Македонија“.