obuka socijalni mediumi

Десетина претставници на граѓанскиот сектор од Македонија имаа шанса детално да се запознаат со стратегиите за застапување и промовирање на социјални медиуми како учесници на обуката „Социјални медиуми за застапување“ која се одржа на 3 јули во просториите на Институтот за комуникациски студии во Скопје.

Обуката ја организираше Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис, а опфатените теми, меѓу другото, вклучуваа: Стратешко користење на социјални медиуми и други онлајн алатки, Методи за промоција на содржини на Фејсбук и Автоматизирање на користење на социјални медиуми.

Учесниците на обуката вклучуваа претставници од повеќе граѓански организации, вклучувајќи ги Македонскиот центар за меѓународна соработка, Центарот за управување со промени, Институтот за човекови права и Фондацијата за демократија на Вестминстер.

„За разлика од други обуки за кои обично се ветува дека ќе бидат интерактивни, но не се, овој пат, обучувачите навистина спроведоа забавна обука која дозволува учество на слушателите. Алатките кои беа претставени се корисни и многу потребни“, вели Ана Нешовска од Центарот за управување со промени.

“Обуката ми овозможи да дознаам за нови и многу корисни алатки, кои што ќе го подобрат промовирањето на нашите активности пред различни таргет публики”, рече учесникот на обуката од Фондацијата аа демократија на Вестминстер.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“ кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис, а е поддржан од Британската амбасада – Скопје.

Сподели: