Мени

Создадени 5 музички дела на работилницата за Аблетон

Работилницата имаше 5 учесника и беше водена од страна на Горан Симоновски, чие уметничко име е Piece of Shh.. и е еден од поактивните белградски продуценти. Таа траеше два дена со цел учесниците да се запознаат со софтверот Ableton Live, за на крај од работилницата и самите да создадат една комплетна песна.

Работилница за Аблетон Работилница за Аблетон Работилница за Аблетон
Фотографии на Александар Ников

На отворањето на de:sonanz фестивалот во Кинотека на Македонија пред публиката премиерно се пуштија создадените песни и беа доделени награди за најуспешните. Првопласираниот, Благоја Цилаков, како награда доби оригинален Ableton софтвер. Неговото дело може да ја слушнете на неговиот MySpace профил.

Отворање на de:sonanz Отворање на de:sonanz Отворање на de:sonanz
Фотографии на Александар Ников

de:sonanz е меѓународен фестивал за електронска музика, уметност и нови медиуми, организиран од Гете-институтот во соработка со локални и регионални партнери. Тој се одржуваше од 29 септември до 3 октомври на различни локации низ Скопје и опфати аудио и видео работилници, видео-проекции, уметнички и документарни филмови, интерактивна мултимедијална уметност, настапи во живо и диџеј сетови.