Викендот на 5 и 6 ноември, Катедрата за информатика во соработка со Фондацијата Метаморфозис организираше дводневен хакатон на кој учествуваа средношколци од Битола и Кичево. Хакатонот беше дел од Европската недела на кодирање и продолжение на настанот Code4MK. dsc_9847Целта на овој настан беше да им овозможи на средношколците кои досега немале шанса да создадат мобилна апликација и да кодираат, да научат како се прави тоа и како да ја имплементираат нивната идеја. dsc_9490Учесниците на овој хакатон имаа можност за создавање мобилна апликација и да учат како да кодираат користејќи клиент-сервер технологии [client side technologies] (HTML, CSS, Javascript). Исто така, овој настан беше одлична можност за учениците подобро да се запознаат, социјализираат и да споделат искуства. Целта на апликацијата која беше создадена за време на овој настан е да најде решение за вистински проблеми со кои се соочуваат студентите во кампусот, и оваа апликација ќе им послужи на голем број граѓани во иднина. dsc_9831На крајот, момците од ШрумАпс (http://www.shroomapps.com/), девелопери на Ерпокалипто играта за мобилни телефони, одржаа инспиративно предавање. dsc_9555Фондацијата Метаморфозис ги поддржува младите во континуитет со цел да ги подобри нивните знаења и вештини во областа на информатичките техноллогии преку обуки, настани, семинари, вебинари и натпревари на кои младите можат да го претстават своето знаење. dsc_9533

Исто така, учесниците на Code4MK настанот ќе можат да учествуваат на настани кои во иднина ќе ги организира Фондацијата Метаморфозис.

Тука можете да го погледнете видеото со коментарите и впечатоците на учениците:

Хаштазите кои се користеа за време на настанот беа: #CodeWeek #Code4MK #SEEU #CST #Code4Fun#MetamorphosisFoundation

Сподели: