Мени

Спроведена обуката за анимирање, изработување карикатури и цртани филмови

Обуката за анимација, изработка на карикатури и цртани филмови која траеше два дена (21 и 22 јануари) заврши успешно со присуство на 10 учесници. Во улога на обучувачи беа тројца аниматори од неколку јавни точки за пристап до дигитални технологии во Долна Нормандија.

Двата дена од обуката се работеше на различни техники. Првиот ден се изработуваа кратки видео приказни преку користење на техниката за стоп анимација. Се работеше во две групи, при што едната како материјал користеше главно пластелин за моделирање на просторот, додека втората група работеше исклучиво со лего фигури. Видеата се снимаа со бесплатниот софтвер Stop motion animator, а потоа дополнително се обработуваа во софтвер за видео обработка, каде се додаваа звучните ефекти.

 

bn-training

Агендата за вториот ден од обуката вклучуваше работа со неколку онлајн алатки. Претпладнето се изработуваа стрипови со користење на онлајн алатката Баблака, која дозволува поставување на свои фотографии и вметнување на ликови во цртаните објекти. Попладнето пак, се работеше на изработка на цртани филмови со Тунвеј.

the-crew

Учесници на обуката беа по двајца претставници од дигиталните клубови во Дебар, Велес и Камењане, вработени во Метаморфозис, како и соработници од АЛДА и Гласникот.

Обуката се реализираше во рамките на  проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција“. Од 9 до 11 февруари, како дел од проектот, Метаморфозис ќе спроведе слична обука за аниматорите во регионот Долна Нормандија. Обуката ќе се состои во учење на методологијата за спроведување обуки за дигитално раскажување приказни, што подразбира и креирање на видео приказни од самите учесници, а темата за истите ќе биде: „Што правам за подобрување на мојата заедница?“