Мени

Средба на партнерите во проектот ACTION SEE во Подгорица

На 24 април 2017, во Инфо Центар во Подгорица, Црна Гора одржа третата средба на партнерите во проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа. На состанокот присуствуваа претставници од Фондација Метаморфозис која е воедно и координатор на проектот, како и партнерските организации – Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

20170424104500

На средбата се дискутираа регионалните резултати од истражувањето за Индексот на отвореност на институциите, како и идните чекори и активности во проектот.

20170424104532

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.