Македонија до сега немаше посебна законска регулатива со која се опфаќаше раководењето со отпадот од електрична и електронска опрема, но како дел од процесот на усвојување на правото на ЕУ, Министерството за животна средина и просторно планирање го изготви Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Студијата претставува појдовна точка за сето она што треба да следува по донесувањето на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, како и за обврските и предизвиците кои ќе бидат последица. Методот при истражувањето е квалитативен при што се користат извори од прва рака, како на пример интервјуа и правни документи, како и секундарни извори како на пр. анализи на перцепцијата на граѓаните на Република Македонија за е-отпадот и количествата на е-отпад во домаќинствата.

Отпад од електронска и електрична опрема: Предизвици, обврски, очекувања (Студија)

Овој документ е изработен во рамките на проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“, на Националниот демократски институт (НДИ), а во согласност со тековниот проект на Метаморфозис: „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

Сподели: