„Метаморфозис“ го честита 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, на сите оние кои се борат за слободата на изразувањето и ги бранат човековите права насекаде низ светот.

Ние во „Метаморфозис“ силно веруваме дека слободата на изразувањето и слободата на медиумите се особено важни за напредокот на знаењето, економските можности и човековиот потенцијал. Ние остануваме посветени на создавањето можности за пристап до информации и придонесуваме кон слободата да се создаваат и комуницираат идеи.

Дури и во време на најголеми тешкотии и политички лов на вештерки против независните медиуми и граѓанското општество, нашето искуство покажува дека вреди да се бориме за овие вредности. Нашите проекти за развој на медиумите „Сервис за проверка на факти од медиумите“, новинската веб страница на албански јазик „Порталб.мк“, новинската агенција „Мета.мк“ и други, потврдуваат дека информираното и образувано граѓанство е клучен предуслов за демократија.

Истакнуваме дека слободни и одговорни медиуми се неопходни во секое општество за да се обезбеди слобода на мислење и плуралистичко изразување

Сподели: