На 21 јуни, 2016 на Скопски Саем се одржа настанот „Tech4Good“ – Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот организиран од страна на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на софтверската корпорација Мајкрософт. Овој настан им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, која ја спроведува Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.
Clg55yOWEAAWix4„Нашата амбиција како Мајкрософт е преку нашите производи да ја поттикнеме продуктивноста, соработката, споделувањето на идеи и креативноста, кои се неопходни во нивното работење. Оffice 365 и Office 2016 се дизајнирани да им овозможат да луѓето да се фокусираат на прогресот, не на процесот, на заедничкото работење, споделување на ресурси во било кое време на било кој уред. Ние во Мајкрософт од секогаш сме ја препознавале важноста на работата на непрофитните организации и верувавме дека може да им помогнеме со тоа што ќе има ја ставиме на располагање нашата најнова технологија. Така, во рамки на нашите програми за општествена одговорност ја креиравме иницијативата Technology for good за да придонесеме кон решавање на комплексните социјални и општествени проблеми. Микрософт е горд што има можност да соработува и поддржува повеќе од 86.000 непрофитни организации ширум светот вклучувајќи ја и Македонија, на кои им овозможува технологии кои што им се потребни да работат со локалните заедници“, изјави Влора Адеми, Менаџер за академските програми на Мајкрософт.
DON_4884

Според извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, ваквиот вид на настани се организираат веќе трета година по ред во Македонија и се дел на континуираните напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да станат поефикасни, подобри и поактивни во исполнување на нивните мисии.

DON_4875„Метаморфозис го помага градењето на капацитетите на НВО преку ширење знаење со помош на обуки и менторства, обезбедување пристап до знаења преку издавачка дејност, а и преку обезбедување пристап до различни софтверски решенија – како што се во овој случај технологиите на Мајкрософт. Конкретно, Метаморфозис овозможува софтверски донации преку платформата Techsoup Balkans. Со поддршката на Мајкрософт, Метаморфозис на НВОта од Македонија, Косово и Албанија им нуди можности за добивање легален софтвер во форма на донации. Како дел од платформата, Метаморфозис овозможува и директни консултации за граѓанските организации во рамки на отворените денови (секој втор петок), како и на индивидуално барање, со цел што повеќе организации од Македонија да имаат прилика да ги искористат можностите за донации.“ – изјави Јашари.
DON_4979Во текот на конференцијата претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за нивните можности како да добијат софтверски донации од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Македонија ја спроведува Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans. Адријана Селмани која беше панелист на сесијата Како да аплицирате за сајбер-грант, објасни дека TechSoup Balkans заедно со Фондацијата Метаморфозис претставуваат мост кој ги поврзува непрофитните организации со донаторите и им овозможува на истите да ги извршуваат своите активности на полесен, побрз и поефикасен начин.13522949_10153769298607426_5124559918240067303_oНа конференцијата се одржа и работилница на која што организациите од граѓанскиот сектор имаа можност да аплицираат за донација и да добијат совети од страна на тимот на Фондацијата Метаморфозис со цел да можат организациите да ги проценат нивните потреби за информатичките технологии. Исто така се презентираа и совети и конкретни примери за функционалностите на Office 2016 за продуктивност, тимска работа, креативност и многу повеќе. DON_4940Новост на оваа конференција беше понудата на Мајкрософт за невладините организации: Платформа за податоци и Power BI, како и многу други технологии кои придонесуваат во подобрувањето на работата на граѓанските организации. DON_4925Оливер Алексоски, Account Technology Strategist во Мајкрософт за време на презентацијата на платформата Power BI, истакна дека овие алатки ќе го поедностават работењето на организациите, ќе ја забрзаат истата и ќе ги намалат нивните трошоци за обработка на податоци и нивна визуелизација.

За повеќе информации, можете да ја следите дискусијата на Twitter и Facebook со хаштаг #Tech4Good.

Целосниот албум на фотографии можете да го видите тука.

Сподели: