Мени

“Tech4Good“ можност за НВО-ата од Косово да добијат бесплатен софтвер од Мајкрософт

На 28.06.2016, во центарот за конференции Орион се одржа настанот „Tech4Good“ – Денот на Мајкрософт посветен на граѓанскиот сектор, во организација на Фондацијата Метаморфозис поддржана од софтверската корпорација Мајкрософт. На овој настан, претставниците на НВО-ата бе запознати со можноста за добивање на софтверски донации од програмата на Мајкрософт за подршка на граѓанскиот сектор, која што ја спроведува Метаморфозис преку платформата Теchsoup Balkans.

20160628_125511

Во неговиот воведен говор, Агим Бекај, сподели некои факти кои што се однесуваат на помошта на Мајкрософт преку софтверските донации за НВО-ата, и рече дека вредноста на донираниот софтвер е околу 940 милиони долари, а во текот на фискалната година, околу 11.000 НВО-а добиле донации на Microsoft Office 365.

20160628_123046

„Иновациите во информатичката технологија (ИТ) можат да им помогнат на владите и заедниците за да се справат со општествените предизвици, за подобрување на образованието и здравството, обучувањето на работниците за интензивна економија базирана на технологија и развојот на економијата базирана на чисти енергетски ресурси. Новините во ИТ можат да ги направат јавните услуги подостапни, посигурни, потранспарентни и побрзи. Мајкрософт ја прави ова промена и помага во подобрувањето на живеењето или подобро речено живеењето во дигиталниот свет. На тој начин, Мајкрософт ја поддржува нивната работа во заедницата и преку модерните технологии, и помага тие да бидат поефикасни, поефективни и поиновативни во нивната важна работа.„ – рече Бекај.

20160628_121847„Нашата амбиција како Мајкрософт е преку нашите производи да ја поттикнеме продуктивноста, соработката, споделувањето на идеи и креативноста, кои се неопходни во нивното работење.  Оffice 365 и Office 2016  се дизајнирани да им овозможат на луѓето да се фокусираат на прогресот, не на процесот, на заедничкото работење, споделување на ресурси во било кое време на било кој уред. Ние во Мајкрософт од секогаш сме ја препознавале важноста на работата на непрофитните организации и верувавме дека може да им помогнеме со тоа што ќе има ја ставиме на располагање нашата најнова технологија. Така, во рамки на нашите програми за општествена одговорност ја креиравме иницијативата Technology for good за да придонесеме кон решавање на комплексните социјални и општествени проблеми. Мајкрософт поддржува повеќе од 86.000 непрофитни организации ширум светот вклучувајќи го и Косово„ – изјави Влора Адеми, Менаџер за академските програми на Мајкрософт.

13499845_10209953231692470_661290807_o

Според извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, ваквиот вид на настани се организираат веќе трета година по ред во Косово и се дел на континуираните напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да станат поефикасни, подобри и поактивни во исполнување на нивните мисии.

20160628_124229

„Метаморфозис го помага градењето на капацитетите на НВО преку ширење знаење со помош на обуки и менторства, обезбедување пристап до знаења преку издавачка дејност, а и преку обезбедување пристап до различни софтверски решенија – како што се во овој случај технологиите на Мајкрософт. Конкретно, Метаморфозис овозможува софтверски донации преку платформата Techsoup Balkans. Со поддршката на Мајкрософт, Метаморфозис на НВОта од Македонија, Косово и Албанија им нуди можности за добивање легален софтвер во форма на донации. Како дел од платформата, Метаморфозис овозможува и директни консултации за граѓанските организации во рамки на отворените денови (секој втор петок), како и на индивидуално барање, со цел што повеќе организации од Македонија да имаат прилика да ги искористат можностите за донации.„ – изјави Јашари.

20160628_124739

За повеќе информации, можете да ја следите дискусијата на Twitter и Facebook со хаштаг #Tech4Good