Мени

Трет циклус од шемата за грантови – доделени грантови на граѓански организации од Западен Балкан

На осум граѓански организации од пет земји: Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија им беа доделени грантови за спроведување на петмесечни проекти. Овие грантови ќе се фокусираат на решавање на ургентните локални и национални проблеми во претстојниот период со цел да се унапреди доброто владеење и владеењето на правото.

Овие грантови се посветени на локалните граѓанските организации и се доделени во рамки на проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE – Accountability, Technology and Institutional Openness Network in SEE) преку Центарот за демократска транзиција (Center for Democratic Transition), Фондација Метаморфозис (Metamorphosis Foundation), Вестминстер Фондацијата за демократија (Westminster Foundation for Democracy),  Центар за истражување, транспарентност и отчетност (CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability) од Србија, Граѓанско здружение Зошто да не? (Citizens Association Why not?), Отворени Податоци Косово (Open Data-Kosovo (ODK)) и Движење ДОСТА! (Levizja MJAFT!), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Наградените организации од третиот и последeн циклус на компонентата за грантови се наведени подолу.

 

Босна и Херцеговина

Либерален форум (Liberal Forum – www.liberalniforum.com) – „Кон ефикасни и транспарентни државни претпријатија“ (“Towards efficient and transparent SOEs”)

Либерален форум во соработка со онлајн порталот InfoRadar, ќе го спроведе проектот „Кон ефикасни и транспарентни државни претпријатија“ преку спроведување анализи за потребите, кампањи за застапување и јавна панел дискусија „Конкуренција на пазарот за телекомуникации – еднаква можност за сите оператори“. Активностите ќе бидат спроведени со цел да се обезбедат аргументи за медиумите и новинарите поврзани со изворите на неефикасност и несоодветен квалитет на јавните услуги понудени од државните претпријатија во Босна и Херцеговина, како и со цел да се информираат 150.000 граѓани за напорите што ги прават јавните телекомуникациски оператори за да ги подобрат услугите со цел да ги исполнат препораките дадени од неодамнешната анализа за очекувана делотворност за тоа како јавните оператори можат да придонесат за одржлив и инклузивен развој, но и за темпото на имплементација на најважните инфраструктурни проекти.

 

Косово

Здружение за зголемување на капацитети “Медиа пулс” (Association for Capacity Improvement „Media Pulse“ – www.ngomediapulse.org) „Заедно за подобра транспарентност“ (“Together for better transparency”)

Во соработка со ТВ МИР и Општина Лепосавиќ, Здружението за зголемување на капацитетот „Media Pulse“ се стреми кон придонесување за подобра транспарентност на администрацијата во Општина Лепосавиќ и кон поголемо учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки, преку спроведување на проектот „Заедно за подобра транспарентност“. Целите на овој проект ќе бидат постигнати преку набљудување на локалното законодавно тело и на официјалната веб-страна на Општина Лепосавиќ, организирање средби помеѓу граѓаните и претставници од локалната самоуправа, јавни излагања на претставниците на локалната самоуправа, спроведување на медиумска кампања за важноста на граѓанското учество во процесите на надгледување на локалната администрација и објавување флаери за правата на граѓаните што се предвидени со закони што ќе придонесат за поголема информираност на граѓаните за нивните права и обврски според законите.

 

Црна Гора

Здружение Центар за патување и технологија (NGO Travel & Technology Centre – www.facebook.com/ngo.ttc) – „Ефикасни односи со јавност – поинформирани граѓани“ (“Efficient PR services – more informed citizens”)

Главната цел на проектот е да се оцени ефикасноста на комуникацијата помеѓу министерствата и граѓаните, како и да се дадат препораки за комуницирање на попрофесионален, поефикасен и покоординиран начин што е во согласност со целите на ACTION SEE преку зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирање на јавното мислење, процесот на креирање политики и учество во механизмите за донесување одлуки и зголемување на капацитетите на граѓанското општество. Сето ова е со цел да се изградат изборните единици во општеството и да се решат најважните проблеми и е во согласност со принципите на транспарентност и слободниот пристап до информации од јавен карактер. Здружението Центар за патување и технологија во соработка со Агенцијата за вести МИНА – Подгорица, ќе работи на остварување на целите на проектот преку правна анализа, интервјуа и фокус групи за новинари, изготвување на документи и прес-конференција.

 

Северна Македонија

Здружение на млади и маргинализирани групи: Центар за интеграција и развој – „Важноста на употребата на јазиците на заедниците за добро владеење на локално ниво во општините Куманово, Чаир и Липково“ (“The importance of usage of languages of the communities for good governance at local level in the municipalities of Kumanovo, Cair and Lipkovo”)

Заедно со локалниот ТВ канал ФЕСТА, Здружението на млади и маргинализирани групи: Центар за интеграција и развој ќе работи на унапредување на Законот за употреба на јазиците преку документација и надгледување на спроведувањето на законот за употреба на јазиците во одредени институции во локалната власт преку проектот „Важноста на употребата на јазиците на заедниците за добро владеење на локално ниво во општините Куманово, Чаир и Липково“ . Проектот се фокусира на дефинирање на рамката (кои се случаите кога одредени институции на локално ниво употребуваат друг јазик освен македонскиот за комуникација со граѓаните), документирање на постојните процедури (финализирање на постојните водичи и правила употребувани од страна на општинските службеници за комуникација со граѓаните кои зборуваат друг јазик освен македонскиот) и оценување/воспоставување на капацитети во одбраните институции во однос на тоа дали постои оддел со вработени (тим, сектор) кој овозможува комуникација во институцијата на друг јазик освен македонски и презентирање на извештај кој ќе содржи листа на добри практики и препораки.

 

Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци (www.ini.org.mk) – „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“ (“The Citizen is the real inspector”)

Заедно со невладината организација „Надеж“ и ТВ СТАР, Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци ќе работи на намалување на бројот на прекршувања на работничките права преку вклучување во Инспекторатот за труд во Источниот плански регион во Република Северна Македонија. Целите на проектот се предвидени да се остварат преку кампањи за промовирање на Законот за работни односи на социјалните медиуми и на регионалниот ТВ канал СТАР, организирање на тркалезни маси во 11 општини, креирање на платформа за пријавување на прекршувања на трудовите права: поднесување барања за информации од јавен карактер до подрачните единици на Инспекторатот за труд, анализирање на добиените податоци од платформата за известување и добиените одговори од поднесените барања до Инспекторатот, креирање видео со релевантните засегнати страни и сведоштва на жртвите на трудова експлоатација, како и одржување на финален настан за промоција на постигнувањата од проектот.

 

Коалиција на граѓански здруженија „Сите за правично судење“ (www.all4fairtrials.org.mk)  – “Судско досие” (“CAFT Trial dossier”)

Коалицијата на граѓански здруженија „Сите за правично судење“ во партнерство со Радио МОФ (www.radiomof.mk) го спроведува проектот “Судско досие” кој има за цел да ја подобри довербата на граѓаните во судството во Северна Македонија, да ја подобри транспарентноста на Основниот суд Скопје 1 и на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како и да го олесни пристапот на медиумите, истражувачите, студентите и пошироката јавност до информации поврзани со судски случаи од висок профил. За таа цел, Коалиција на граѓански здруженија „Сите за правично судење“  ќе создаде под-домен на својата веб-страна (под-страна), каде што ќе бидат објавени најмалку 20 досиеја на кривични дела од висок профил отворени од страна на СЈО. Овие досиеја ќе ги содржат сите достапни јавни податоци, како што се резимеа на случаи, општи информации, временски рамки, обвиненија, предлози, одлуки и пресуди, како и извештаи за мониторинг на судењата систематизирани по хронолошки и тематски формат што е лесен за употреба. Под-страницата ќе биде промовирана на јавен настан што ќе се пренесува во живо, како и преку социјалните медиуми, листи со меилови и радија.

 

Еко натура (www.ekonatyra.org) –  „Добро владеење за добра животна средина“ (“Good governance for a good environment”)

Еко натура во соработка со ТВ Коха (TV Koha) ќе работи на спроведување на проектот „Добро владеење за добра животна средина“ кој има за цел да го зголеми ангажирањето на граѓаните во креирањето на политики поврзани со прашања за животната средина на локално ниво, односно, да обезбеди препораки за граѓанско учество во креирање на политики на локално ниво за проблеми поврзани со животната средина (како пример ќе биде земена Општина Тетово), да се презентира модел за граѓанско учество за заштита на животната средина на локално ниво и да лобира за зголемена транспарентност на буџетот на локално ниво (релевантен за заштита на животната средина).

 

Србија

Регулаторен институт за обновливи извори на енергија и заштита на животната средина (Renewables and Environment Regulatory Institute – RERI – www.reri.org.rs) – „Твое право – Зголемување на транспарентноста, одговорноста и учеството на јавноста во значајните инфраструктурни и еколошки проекти и планови“ (“Your right – Increasing transparency, accountability and public participation in significant infrastructural and environmental project and plans”)

Проектот „Твое право – Зголемување на транспарентноста, одговорноста и учеството на јавноста во значајните инфраструктурни и еколошки проекти и планови“ промовира добро владеење и владеење на правото преку искористување на достапните правни инструменти за заштита на животната средина и правата на граѓаните. Проектот се осврнува на проблемот со недостатокот на транспарентност и одговорност, како и на злоупотребата на јавната власт во креирање на постапки за согласност и спроведување на проектите што може да имаат негативни влијание врз животната средина, но и на оние значајни инфраструктурни проекти кон кои е насочено вниманието на јавноста. Преку овој проект, Регулаторниот институт за обновливи извори на енергија и заштита на животната средина, во соработка со дневниот весник Данас (Danas Daily News), ќе врши мониторирање на работата на јавните власти и ќе ги изложи одговорните органи и јавни службеници на правна и општествена одговорност во случаи кога животната средина и јавните интереси се загрозени преку нетранспарентно и неинклузивно планирање и градежните процеси.