Мени

Три јавни повици за консултантски услуги – продолжување на роковите

povik1-03-01Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис започна процес за развој на програмска, организациска и институционална стратегија со цел водење на фондацијата во наредните три години. Дел од стратешкиот план ќе биде посветен на изнаоѓање различни опции за финансирање, партнерски можности, како и финансиско планирање и интегритет преку контекстуална политичко економска анализа со цел поддршка на нашата мисија преку која предвидуваме општество во кое вклучени и свесни граѓани активно користат иновативни алатки за да ги исполнат своите граѓански права и одговорности, кои будно влијаат на своите влади и бараат отчет од нив, со што обезедуваат демократско, отчетно и одговорно владеење.

Како дел од процесот за стратешко планирање, Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис објави три јавни повици за консултански услуги. Деталите за трите повици се објавени на веб-страницата на фондацијата и можете да ги најдете на следните линкови:

1. Истражувачка студија за можности за финансирање на организациите од граѓанскиот сектор

2. Партнерско скенирање и истражување за организациите од граѓанскиот сектор

3. Политичко-економска анализа на процесите, условите и состојбите во кои работат организациите од граѓанскиот сектор

Сите три студии ќе бидат искористени како база во процесот на развој на три годишниот стратешки план за Фондацијата Метаморфозис.

Сите апликации треба да се испратат до Марија Панчевска, Финансиски менаџер, на marijap@metamorphosis.org.mk.

Апликацијата треба да содржи кратка биографија (CV), финансиски предлог кој вклучува прелиминарен работен план и мотивациско писмо со најмногу 500 зборови во кое ќе објасните како Вашето искуство Ве квалификува за овој вид ангажман.

Ве молиме доставете и информации за контакт на две лица кои можат да дадат коментар за Вашата способност да се сносите со овој ангажман.

Рок: 25 јуни 2018, 17:00ч.

Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и поканети на интервју.