Мени

Вистиномер.мк овозможува увид во резултатите од ветувањата на политичките субјекти

Преку запознавање со ветувањата и со аргументите од објасненијата, граѓаните се едуцираат како да ги читаат и интерпретираат изборните програми и платформи, како и самите да следат и да оценуваат колку од тоа што е напишано и ветено се исполнува.

vistinomer-webВо моментов Вистиномер.мк содржи оценки за ветувањата дадени на минатите избори од партиите кои ја освоија власта и имаа реална можност и да ги остварат тие ветувања. Вистиномер ќе продолжи да функционира долгорочно и ќе го следи остварувањето на предизборните ветувања на победниците на изборите 2011 (кои и да се), како и изјавите на политичарите кои може да се класифицираат како ветувања меѓу самите избори.

Основна намена на Вистиномер.мк е да го зголеми знаењето на граѓаните, медиумите, невладините организации, но и на партиите и нивните членови кои преку него имаат прилика да се запознаат и со низа аспекти на политичкиот процес од Македонија.

Со објавување на Вистиномер, како и со претходната веб-апликација Гласомер.мк , Фондацијата „Метаморфозис“ jа продолжува регионалната соработка со граѓанските здруженија „Зашто не“ од Босна и Херцеговина и ЛиНет од Србија за примена на нови технологии за поголема транспарентност, поддржана од американската непрофитна фондација НЕД (National Endowment for Democracy), финансирана од Конгресот на САД,  како дел од напорите за развој на демократијата во регионот.