31739813_10156328005346873_8166910575683567616_o

Процесот на јавни консултации во Битола во однос на темите за слобода на интернет, говор на омраза, регулација на медиуми и механизми за пријава, предизвика низа интересни прашања за предизвиците со кои се соочуваме. Настанот беше посветен на претставување на прелиминарните извештаи од проектот „Слобода на интернет“ поврзани со заштита на човековите права, како и претставување на резултатите од мерењата за отвореноста на институциите од проектот „Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа“. Овој настан е поддржан и од Асоцијацијата за прогресивни комуникации како дел од проектот Унапредување, обликување и поддржување на слободите на интернет.

31749565_10156328005366873_1225532157288513536_o

Настанот се одржа на 26 април во Битола во Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ (НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола) од 11:30.

Сподели: