Во Тетово се одржа вториот дел од заедничките состаноци за идентификување на потенцијална рамка за остатокот од пакетите за делот во Македонија, со учество на бизнисмени, невладини организации и институции кои се занимаваат со туризам во Македонија. На средбата учествуваа и гости од регионот Елбасан, Албанија, да ја видат поврзаноста на потенцијалните заеднички производи.

20182412-step

– Успехот може да биде само резултат на заедничка акција, притоа нудејќи квалитет во уникатните туристички пакети – рече Флорент Бајрами, координатор на проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП), финансиран од Европската унија.

Денешната средба, исто така, исфрли на виделина и некои други аспекти на туризмот, како што е можноста за пакет на историскиот пат Виа Игнација, со неговите споредни патишта за снабдување со стока и други ресурси.

Хасан Дражи, претставникот од Советот на округот Елбасан, беше воодушевен од можностите на планинскиот туризам кој го нуди овој регион и се надева дека еден од следните пакети ќе биде Шкумбини (Пена) – едно име, две реки, што ги карактеризира двете страни на границата.

Во прилог на можностите, учесниците исто така наведоа голем број проблеми, кои бараат институционален ангажман, за да се трасира што подобро патот за ефикасен туризам.

Останува во идниот период да се спроведат неформални состаноци за да се даде почетна рамка за можните прекугранични туристички пакети.

Сподели: