Мени

Втор конститутивен состанок на мрежата Степ во регионот Елбасан

Во рамките на Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП), на 25 мај, во просториите на хотел „Реал Скампис“, Елбасан, се организираше втората конститутивна седница на мрежата СТЕП, во делот на Албанија, во насока на проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до специфични нови и стратешки пазари за извоз на туризам за туристички бизниси (особено Малите и средни претпријатија – МСП и нови претпријатија), како и зајакнување на темелите, општото опкружување и потребните елементи потребни за стратешко постигнување и искористување на нови меѓународни пазари во туристичката индустрија и подобрена комуникација и соработка со цел да се постигне координиран развој на заеднички прекугранични претприемачки активности.

IMG-58718d09d55556943c9b79bc4a19f7d0-V

Учесници, а во истовреме и крајни корисници, беа мали и средни претпријатија, владини агенции на централно и на локално ниво, групи на туризам, стопански комори, стартери и граѓаните како потенцијални претприемачи во областа на туризмот, како и невладините организации и медиумите.

На вториот конститутивен состанок беа дискутирани активности коишто ќе бидат директен бенефит на потенцијалните членови, а истотака се дискутираше и нацрт правилникот, кој што во иднина ќе биде основа за работење на мрежата СТЕП.

Членовите дадоа препораки  и за практичниот дел на креирање на заедничката веб-страница, а оние што досега ја немаа формално потпишано пристапницата, тоа го направија на крајот на формалната агенда.

IMG-e7002a82ce5f7bb84aa8ffc66f850208-V

Во наредниот период активно ќе соработуваат со проектниот тим, за да можат да дадат содржајни податоци за нивните субјекти.

Проектот СТЕП се финанцира од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија, додека се имплементира од Фондацијата Метаморфозис со партнерите Центарот за развој на полошкиот плански регион, како и Советот на Округот Елбасан.