Мени

Настанот We Can Code обедини иницијатори на промени

logo2
Фондацијата Метаморфозис во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, на 17 октомври, го организираа настанот We Can Code по повод Европската недела на кодирање Europe Code Week. Настанот се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.

20151017_112531

На овој хакатон учесниците имаа можност да решат неколку горливи проблеми на општеството, со што имаа можност да придонесат во нивното решавање со развивање на веб апликации. На овој едно-дневен настан  присуствуваа студенти, прептприемачи, претставници на организации како и претставници на Универзитети, кои имаа можност да споделат искуства и да се запознаат со сите присутни. Настанот го отворија доцентот Висар Шеху од Универзитетот на Југоисточна Европа и Адријана Селмани програмски асистент во фондацијата Метаморфозис.

20151017_113434

На овој едно-дневен настан беа поканети сите кои имаат познавање од програмирање, веб-дизајн, веб-програмирање или се студенти по компјутерски науки.

20151017_130746

Денес живееме во свет кој е под влијание на рапидниот развој на технологијата. Начинот на кој работиме, комуницираме, купуваме и размислуваме е драстично променет. Со цел да ги прифатиме овие брзи промени и да го разбереме светот околу нас, ние не само што треба да го развиваме нашето знаење за тоа како функционира технологијата, туку и да развиваме вештини и можности, кои ќе ни помогнат да се адаптираме и живееме во оваа ера.

20151017_135251

Голема благодарност до сите учесници кои успеаа да изградат две веб страни целосно пополнети во рок од само 6 часа:

12096516_10205128997132469_6773337333257137710_n