За таа цел се изработија следниве документи:

Овие документи беа испечатени и доставени на советниците на Комисијата за транспорт, врски и екологија и Комисијата за европски прашања при Собранието на Р.М., со цел потоа тие да бидат проследени до пратениците на овие комисии.

Како прва активност во процесот на лобирање и застапување за закон за е-отпад беа договорени и остварени средби со претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, и претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили.

На средбата со г. Хајрула Мисини, одржана на 10 октомври 2011 год., се дискутираа предлог измените на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, наведени во резимето на политики (policy brief). Г. Мисини предложи да му биде доставена верзија на англиски јазик од предложените измени, со цел тие да бидат испратени и до Европската унија, за полесно утврдување на усогласеноста на законот со ЕУ директивите.

На средбата со г. Реџаиљ Исмаили, одржана на 12 октомври 2011 год., исто така беа претставени предлог измените за Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и беше договорено тие да бидат претставени пред сите пратеници од Комисијата за транспорт, врски и екологија. На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија, одржана на 12 октомври 2011 год., на претставник на Метаморфозис (Елена Игнатова) му беше овозможено да ги претстави предлог измените на законот пред сите присутни на седницата, меѓу кои покрај пратениците имаше и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање (Заменик-министерот г. Стево Темелковски и Раководител на секторот за Европска унија г-а Јадранка Иванова). Пратениците искажаа интерес да им бидат доставени подетални анализи за состојбата со е-отпадот во Македонија со цел да им послужат како ресурси за второто читање на законот.

Во наредниот период, Фондацијата Метаморфозис ќе го следи процесот на донесување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и ќе продолжи со лобирање преку различни активности.

Овој документ е изработен во рамките на проектот „Зајакнување на граѓанското учество возаконодавниот процес“, на Националниот демократски институт (НДИ), а во согласност со тековниот проект на Метаморфозис: „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

Сподели: