IMG_6107Вчера (15.06.2017) во попладневните часови, во Јавна Соба во Скопје, се одржа завршниот настан во рамки на проектот “Што ќе се напиете?” – проект за обука на лица со интелектуална попреченост за угостителски вештини.

IMG_6125Присутните имаа можност да се запознаат со целите, резултатите и материјалите кои беа изработени во рамки на проектот, но пред сé, да бидат услужени од четворицата учесници во угостителските работилници кои се одржаа во периодот февруари-јуни 2017. Проектот беше реализиран од здружението Инклузивни решенија – Скопје во соработка со Јавна Соба, како дел од проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“ кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“.

Сподели: