Мени

Интернет корисници во Хрватска

Се очекува бројот на интернет корисници во Хрватска да достигне до 1 197 500 до крајот на оваа година…
Според истражувањето на хрватската филијала на ИДЦ, се очекува бројот на интернет корисници во Хрватска да достигне до 1 197 500 до крајот на оваа година. Тоа значи дека бројот на интернет корисниците би изнесувал 27,5% од вкупното население во Хрватска. Најзастапена е дајл-ап (dial-up) конекцијата. За користење на интернет хрватските граѓани и компании платиле околу 92 милиони американски долари.

Само за споредба, бројот на интернет корисниците во Македонија изнесува само околу 4% од вкупното население. Повторно најзастапена е дајл-ап конекцијата, а нема информации за приходите што ги остваруваат интернет провајдерите. Повеќе информации за состојбата со ИКТ во Македонија можете да најдете на нашата страница.

Поврзани натписи